Соединетите Американски Држави денеска одобрија продажба на израелско-американскиот противракетен одбранбен систем Ероу-3 на Германија за вкупна вредност од 3,5 милијарди долари.
Овој договор е најголемиот воен договор во историјата на Израел, соопшти израелското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
Израел и Германија ќе потпишат писмо за намери со аванс од 600 милиони долари за започнување со работа на овој проект, се наведува во соопштението и се додава дека целиот договор ќе биде потпишан до крајот на 2023 година.