По одлуката на САД да повлечат 5.000 војници од Германија, повторно во фокус е американското воено присуство во Европа.
Според податоците од декември 2025 година, САД имаат околу 68.000 активни војници трајно распоредени во европски бази, не сметајќи ги ротациските сили и единиците на вежби.
Најголем дел од американските сили се наоѓаат во: Германија – 36.436 војници, Италија – 12.662 војници, Обединетото Кралство – 10.156 војници, Шпанија – 3.814 војници
Дополнително американско присуство има и во Полска, Романија и Унгарија, главно преку ротациски сили и пристап до воени бази.
Американската војска во Европа е распоредена во повеќе од десет држави и функционира преку Европската команда на САД, која ги координира операциите со НАТО сојузниците низ Европа и делови од Африка.