САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

abdd0cc1-7c72-47e7-b4a9-3e7b2968b38c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Можната претстојна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја би можела да ги продлабочи воените врски меѓу двете земји што ќе ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, предупредија денеска претставници на Јужна Кореја и на Соединетите Американски Држави.


Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Ким џонг-јунг, во итен телефонски разговор со американскиот заменик државен секретар Курт Кембел, рече дека посетата на Путин не треба да резултира со поголема воена соработка меѓу Пјонгјанг и Москва што ќе ги прекрши резолуциите, соопшти Министерството во Сеул за надворешни работи.

Повторувајќи ја загриженоста на Ким, Кембел вети континуирана соработка за справување со потенцијалната регионална нестабилност и предизвиците што ги носи посетата.

„Додека внимателно ги следеа поврзаните случувања, двете страни се согласија одлучно да одговорат на провокациите на Северна Кореја против Јужна Кореја и дејствијата што ги ескалираат тензиите во регионот преку цврста соработка“, се вели во соопштението на Министерството.

Во средата, висок функционер во претседателската канцеларија во Сеул изјави дека се очекува Путин да ја посети Северна Кореја „во наредните денови“. Рускиот весник „Ведомости“ во понеделникот објави дека Путин во наредните недели ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во четвртокот одби да даде датум или агенда за можна посета, но рече дека правото на Русија да развива поблиски врски со Северна Кореја не треба да биде доведено во прашање или да биде извор на страв за никого.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK