САД објавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари, во кој ќе бидат вклучени ракетите Стингер, артилериска муниција и противоклопни системи.
Воената помош ќе биде 10. транша опрема откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша амандманот за националната безбедност во април, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, пренесе Ројтерс.