САД го запленија претседателскиот авион на Николас Мадуро поради кршење на санкциите

Уапсени-33-војници-во-Венецуела-„Овие-предавници-никогаш-не-требаше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Држави го запленија авионот што го користеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го префрлија од Доминиканската Република на Флорида, откако утврдија дека неговото купување ги прекршува американските санкции, објави американското Министерство за финансии.


Американските власти веруваат дека авионот бил незаконски купен за 13 милиони долари преку нафтена компанија и илегално бил пренесен во Доминиканската Република, изјави државниот обвинител Мерик Гарланд.

Официјални лица велат дека оваа заплена била извршена во тесна соработка со властите на Доминиканската Република.

„Ова е порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од дофатот на американските санкции“, изјави еден функционер за Си-ен-ен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK