Руте: Го следиме развојот на ситуацијата во Јужна Кореја, нашиот однос е „клучен и челичен“

677z381_677z381_677z381_12305998-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО ја следи актуелната ситуација во Јужна Кореја, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, нагласувајќи дека НАТО има „челичен“ однос со Јужна Кореја, кој не може да се промени или ослабне.


„Ги следиме настаните во Јужна Кореја, не интересира како понатаму се развива ситуацијата. Нашиот однос со Јужна Кореја е клучен, нашиот однос со Јужна Кореја е челичен“, рече Руте на состанокот на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол вчера прогласи воена состојба во таа земја за, како што наведе, „да ја спаси земјата од антидржавните сили кои се обидуваат да ги парализираат суштинските функции на државата и да го уништат уставниот поредок на либералната демократија“, а подоцна истиот ден парламентот ја изгласа резолуцијата за укинување на воената состојба во државата, пренесува Танјуг.

После тоа, воената состојба, која траеше неколку часа, беше укината. Главната опозициска Демократска партија и пет други помали опозициски партии, вклучително Корејската партија за обнова и Реформската партија, потоа поднесоа предлог за импичмент на јужнокорејскиот претседател, а парламентот треба да гласа за предлогот во петок или сабота, објави новинската агенција Јонхап.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK