– Ултранационалистичката либерално-демократска партија (ЛДПР) на Русија работи на нацрт-закон со кој привремено ќе се забрани патување во „непријателските земји“ на блиски роднини на високи функционери, објави државната новинска агенција РИА.
Русија ги смета за „непријателски“ сите земји кои и воведоа санкции поради војната во Украина.
Според членот на руската Дума Сергеј Каргинов, ограничувањата може да влијаат, меѓу другото, на службениците за спроведување на законот, судиите, врвните менаџери на државните корпорации и одборот на директори на Централната банка.
-Сега, кога Русија е принудена да се соочи со група западни земји предводени од САД кои го испровоцираа конфликтот во Украина, таквите патувања, не само што се недозволиви, туку и опасни, изјави Каргинов.