Руските сили соопштија дека во текот на ноќта биле уништени 15 украински беспилотни летала


1-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека 15 украински беспилотни летала биле уништени во текот на ноќта над шест региони на Русија.


„Во текот на ноќта, дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 15 украински беспилотни летала: седум беспилотни летала над територијата на регионот Краснодар, три над регионот Брјанск, два беспилотни летала над територијата на Ростовската област и по еден над регионот Белгород и Република Крим“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата Интерфакс.

Во исто време, украинските медиуми објавија дека најмалку шест жители на Костјантинивка и Краматорск се повредени во руски ракетни напади врз цели во областа Доњецк.

И шефот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, на својот канал Телеграм потврди дека шест лица се ранети во руски ракетни напади на северот на регионот Доњецк, пренесува Укринформ. Според овој украински функционер, Костјантинивка била погодена со четири руски проектили и биле повредени четири лица, кои биле пренесени во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK