– Источниот украински град Бахмут не е под целосна контрола на руските сили, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обрати по Самитот на Г7 во јапонскиот град Хирошима, јави ДПА.
„Бахмут не е окупиран од Русија денес“, рече тој, појаснувајќи ги претходните коментари кои го оставија статусот на градот нејасен, по неколкумесечни борби и денови на спротивставени тврдења.
Претходните изјави на украинскиот лидер дојдоа за време на билатералната средба со американскиот претседател Џо Бајден на маргините на самитот. Прашувајќи го дали Бахмут сè уште е во рацете на Украина, новинарот додаде дека Москва тврди дека го зазела Бахмут. „Мислам дека не“, рече тогаш Зеленски.
И Киев побрза да ја разјасни ситуацијата. Коментарите на Зеленски беа погрешно разбрани, напиша претходно на Фејсбук неговиот портпарол Серхи Никифоров.
Тој рече дека првичниот одговор на Зеленски, „Мислам дека не“, бил даден како одговор на изјавата на новинарот дека Русите тврдат дека имаат контрола врз градот.
Зеленски, исто така, рече дека Бахмут е речиси целосно уништен, без згради „и со многу мртви Руси“.