Денеска од под урнатините на петкатница во украинскиот град Криви Рих беа извлечени телата на трите деца кои беа убиени во напад на руските сили во понеделникот, пренесува Укринформ.
Според украинската агенција, во нападот загинале вкупно четири лица.
Шефот на регионалната воена администрација Сергеј Лисак првично на мрежата Телеграм објави дека се пронајдени телата на две деца, по што претседателот на Советот за одбрана на Криви Рих, Олександр Вилкул, објави дека е пронајдено и трето.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина во понеделникот извести дека осум лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче.