Воената управа на главниот град на Украина соопшти дека утринава над Киев биле соборени руски крстосувачки ракети „Искандер-К“.
Руските сили го нападнаа Киев од север, се наведува во соопштението и се додава дека тоа е петти ракетен напад овој месец врз главниот град на Украина, пренесе порталот на британскиот весник „Гардијан“.
Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана, а засега нема информации за уништување или евентуални жртви.
Во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони претходно беше издадено воздушно предупредување поради закана од ракетен напад.