Руските истражители: Најдовме фотографии на мобилен телефон кои може да укажуваат на поврзаност меѓу нападот кај Москва и конфликтот во Украина

Crocus-City-Hall.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските истражители денеска соопштија дека пронашле фотографии кои наводно ги поврзуваат со Украина, на мобилниот телефон на еден од осомничените за минатомесечниот напад на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва.


Во нападот загинаа повеќе од 140 луѓе, а 360 беа повредени.

ИСИС во повеќе наврати ја презеде одговорноста за нападот на 22 март, но Русија постојано навестуваше дека Киев и Западот биле вмешани. Уапсени се 12 осомничени, меѓу кои и четворица напаѓачи кои по потекло биле од Таџикистан.

Истражителите велат дека податоците од мобилниот телефон на еден од осомничените покажуваат дека утрото на 24 февруари минатата година, на втората годишнина од таканаречената руска воена операција во Украина, тој побарал фотографии од „Крокус Сити Хол“ и им ги испратил на други. Тие додаваат дека осомничениот „сето тоа го потврдил во своите изјави“, пренесува Ал Арабија.

Се наведува дека на истиот телефон биле пронајдени дополнителни фотографии на кои се гледаат луѓе во маскирни униформи како држат украински знамиња пред уништените згради.

„Овие податоци може да укажуваат на поврзаност меѓу нападот и конфликтот во Украина“, велат руските истражители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK