Руските градови се уште поплавени: повеќе од 6.000 евакуирани, пукањето на браната доведе до катаклизма

rusija-poplavi-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 10.400 станбени згради во 39 региони се уште се поплавени во Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.



„Денес се уште се поплавени повеќе од 10.400 илјади станбени објекти во 39 конститутивни субјекти на Руската Федерација“, изјави за РИА соговорникот од министерството.

Тој потсети дека најтешка е ситуацијата во регионот на Оренбург, каде во зоната на поплавите во рок од 24 часа имало околу 3.900 станбени згради и 8.700 куќни парцели.

Повеќе од 6.100 луѓе се евакуирани во безбедна зона, а создадени се 33 сместувачки места со капацитет за 33.000 луѓе.

Во петокот пукна браната на реката Урал во Орск, а вчера за прв пат по пукањето нивото на таа река падна за девет сантиметри и изнесуваше 963 сантиметри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK