Патријархот на Руската православна црква Кирил, кој го прослави Божиќ заедно со рускиот лидер Владимир Путин, денеска обвини дека западниот свет ја мрази Русија и нејзиниот алтернативен пат на цивилизиран развој.
Западот е во морален колапс, рече тој, но Русија му покажа на светот како да ги комбинира науката, културата, образованието и религијата.
„Тие всушност не можат физички да не задушат, иако се обидуваат со разни видови клевети и со создавање на некакви блокови кои имаат за цел да ја ослабат Русија“, рече тој. „Ништо нема да успее затоа што Бог е со нас“.
Рускиот претседател Путин во својата божиќна порака ја пофали црквата за јакнење на институцијата семејство, едукација на младите и афирмирање на моралните идеали.