Руски Врховен суд: ЛГБТ активистите се екстремисти и активности на движењето се забранети

Руски-Врховен-суд-ЛГБТ-активистите-се-екстремисти-и-активности-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот Врховен суд денеска пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат етикетирани како екстремисти, поради што членовите на хомосексуалната заедница и трансродовите лица стравуваат дека ќе бидат уапсени и кривично гонети.


Врховниот суд соопшти дека го одобрува барањето на Министерството за правда, според кое „меѓународното социјално движење ЛГБТ“ е означено како екстремистичко и неговите активности се забранети.

Репортерот на Ројтерс беше присутен во судницата кога беше донесена одлуката. Самото рочиште беше затворено за јавноста, но на читањето на пресудата можеа да присуствуваат и новинари.

Овој потег уследи по зголемените ограничувања за изразување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во Русија, вклучително и законите со кои се забранува промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи и забрана за правна и медицинска промена на полот.

Претседателот Владимир Путин, кој се очекува наскоро да објави дека ќе се кандидира за нов шестгодишен мандат во март, долго време се обидува да промовира слика на Русија како чувар на традиционалните морални вредности за разлика од декадентниот Запад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK