Руски функционер: Наскоро ќе дојде нашиот одговор на американската дозвола за Украина

nuklearka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на Вашингтон да и дозволи на Украина да удри длабоко во Русија со американски ракети со долг дострел може да доведе до трета светска војна, изјави руски функционер, пренесе агенцијата ТАСС.


Владимир Џабаров, првиот заменик-шеф на Комитетот за меѓународни прашања на Горниот дом на рускиот парламент, исто така рече дека потегот на Џо Бајден ќе добие брз одговор од Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано се закануваше дека оваа одлука ќе значи директен судир меѓу Западот и Русија и ќе ја промени „суштината на конфликтот“.

Претходно, тој истакна дека заканата од нуклеарно оружје не треба лесно да се отфрли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK