Руски дрон удри во возило на шведска ТВ екипа

Руски-дрон-удри-во-возило-на-шведска-ТВ-екипа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руско беспилотно летало удри во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје, пренесува „Украинска правда“.


Репортерот  и фотографот не се повредени во нападот. Нападот се случил вчера околу 11:30 часот по локално време. Локалните медиуми посочуваат дека нападот бил извршен и покрај тоа што медиумските работници носеле елеци и шлемови со натписот „ПРЕС“. Автомобилот бил погоден неколку моменти откако тие излегле од него.

„Овој пат имавме среќа. Рускиот дрон удри директно во задната врата од нашиот автомобил. За среќа, немаше никој во автомобилот“, рекол репортерот. Во нападот полесно е повреден украинскиот продуцент Олександр Павлов, а ранети се и двајца украински полицајци кои ја придружувале екипата на ТВ4.

Во нападот целосно се уништени автомобилот и опремата за снимање. Во извештајот се наведува дека вработените во ТВ4 планирале да снимаат прилог за украинската контраофанзива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK