Руската рубља падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година

rublji_3454353443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година. Според податоците на Московската берза, денеска, за прв пат од 25 март минатата година, еврото во еден момент вредеше повеќе од 107 рубљи, пренесува „Комерсант“.

Во 9 часот и 38 минути вредноста на еврото се зголеми за 0,37 отсто на 106,8 рубљи, како и доларот – за 0,14 отсто на 97,2 рубљи, а кинескиот јуан за 0,34 отсто на 13,4 рубљи. Пред два дена американскиот долар се искачи над 97 рубљи за прв пат од март минатата година.


Економските експерти тогаш посочија дека оваа динамика е последица на недоволната понуда на девизи во Русија во услови на намален извоз, како и сезонската висока побарувачка за странски валути.

Нема многу фактори кои би можеле да го сменат овој тренд, а растот на цената на нафтата може да влијае само на рускиот девизен пазар наесен, се вели во анализата.

Како што нагласи главниот аналитичар на Промсвјазбанката, Денис Попов, падот на надворешно-трговскиот суфицит на Русија – стабилен пад на извозот, со високиот увоз – е основниот фактор за слабеење на рубљата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK