Русите соборија дронови на Кримм паднаа делови на улици, покриви и двор

pozar-ruska-baza-krim.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делови од најмалку четири беспилотни летала соборени од руската противвоздушна одбрана го погодија рано денеска пристаништето во Севастопол на Крим, изјави гувернерот назначен од Русија, Микаил Развозаев. Нема повредени лица.


„Според прелиминарните информации, четири, а можеби и повеќе цели се соборени во воздух. Според овие информации, соборените цели биле опремени со метални елементи кои предизвикуваат штета“, велат руски извори.

Тој додаде дека делови од пресретнатите дронови паднале на улица, на тревникот, на покрив и во двор. Украинските сили тврдат дека имаат значителен успех во нивните редовни напади на Крим како дел од она што тие го гледаат како долготрајна кампања за повторно заземање на полуостровот.

Русија го анектира Крим во 2014 година. Лидерот на Кремљ Владимир Путин го прогласи Крим за дел од Русија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK