Русите еден месец по украинската инвазија на Курск: „Имаме план, ќе ги скршиме“

peskov2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската армија има план да ги протера украинските сили од рускиот пограничен регион Курск, изјави денеска Дмитриj Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.


Тој додаде дека руската армија ќе ги „скрши“ украинските сили кои го нападнаа Курск пред повеќе од еден месец и окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри, повеќе од 100 населени места и заробија повеќе од 500 руски војници.

„Се разбира, армијата ги има сите потребни планови, но мислам дека за овие планови не може да се разговара јавно“, рече тој на прашањето кога украинските сили ќе бидат протерани од руска територија.

Да потсетиме, Русија прогласи вонредна состојба во Курск и евакуираше повеќе од 150.000 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK