Русија: Зазедовме две села во источна Украина; Киев: Борбите се интензивни

vojna-ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските сили ги зазедоа селата Серебријанка и Миколаивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти синоќа руското Министерство за одбрана, додека воените блогери известуваат за рускиот напредок во близина на клучните градови на фронтот.


Украинската војска не призна дека некое село паднало во руски раце, но рече дека двете области на фронтот биле зафатени со интензивни борби. Блогерите од двете страни известија за интензивен руски напад врз градот Селидове.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили ги одбиле сите 12 руски напади во областа околу Серебријанка, во северната граница на регионот Доњецк. Се вели дека жестоки борби ги зафатиле градовите на приодот кон Покровск, следниот клучен логистички град во постојаниот продор на руската војска кон запад во регионот на Доњецк.

Популарниот украински воен блогер „Дип Стејт“ рече дека украинските војници се соочиле со тешка задача да го одбранат Селидове, град кој се наоѓа југозападно од Миколаивка. Заземањето на Селидово би го отворило патот за руското напредување кон Покровск.

„Дип Стејт“ рече дека руските сили со „предноста на бескрајните ресурси на пешадија и опрема“ вршат притисок врз украинската одбрана и напредуваат и од север и од југ.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK