Украинското воено воздухопловство собори уште два руски воени авиони кои истрелаа ракети врз позициите на украинските сили, изјави началникот на украинската армија Олександр Сирски.
Во објава на својот канал на Телеграм, Сирски тврди дека биле уништени ловците-бомбардери Су-34 и ловците-бомбардери Су-35, не откривајќи ја областа каде што биле соборени руските авиони, пренесува Ројтерс. Официјален Киев вчера објави дека украинската воздушна одбрана соборила три руски Су-34 и еден Су-35 на истокот на земјата.
„За само три дена непријателот загуби шест авиони“, објави денеска на Телеграм Александар Пављук, новиот шеф на украинските копнени сили.
Русија не ги коментираше овие тврдења на официјален Киев, а Ројтерс не беше во можност да ја потврди точноста на изјавата од украинската страна.