Русија за Гренланд: Арктикот е наш интерес, внимателно ги следиме драматичните изјави на Трамп.

4-1-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Држави немаат тековни планови да го зголемат своето воено присуство на Гренланд, соопшти американската амбасада во Копенхаген, откако идниот американски претседател Доналд Трамп го обнови интересот за преземање на арктичкиот остров.


Кремљ објави дека „многу внимателно“ ја следи „драматичната“ реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани со анексија на Гренланд, данска територија географски лоцирана на Арктикот, каде што Русија има предност.

„Арктикот е област на нашите национални интереси, ние многу внимателно го следиме прилично драматичниот развој на ситуацијата, која, фала богу, досега остана на ниво на изјави“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија сака да ги одржи мирот и стабилноста таму.

Трамп, кој ја презема должноста на 20 јануари, оваа недела рече дека американската контрола на стратешки важниот арктички остров е „апсолутна неопходност“ и дека не ја исклучува употребата на воена или економска акција.

„Нема планови за зголемување на сегашното воено присуство на САД на Гренланд“, изјави портпаролот на амбасадата за Ројтерс. „Ќе продолжиме тесно да работиме со Копенхаген за да се осигураме дека сите предлози ги задоволуваат нашите заеднички безбедносни потреби.

Гренланд е од клучно значење за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, имајќи предвид дека низ островот минува најкраткиот пат од Европа до Северна Америка. Американската војска има постојано присуство во воздухопловната база Питуфику во северозападниот дел на Гренланд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK