Русија во ОН: Ако го дозволи тоа, НАТО директно влегува во војна против нуклеарна сила

Screenshot-2024-09-13-193221.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензија вечерва пред Советот за безбедност на ОН изјави дека доколку западните земји дозволат Украина да изврши напади со долг дострел врз Русија, земјите од НАТО „ќе влезат во директна војна со Русија“.


„Тоа е факт. НАТО ќе биде страна директно вклучена во непријателствата против нуклеарна сила. Мислам дека не треба да го заборавите тоа, размислете за последиците“, рече Небензија пред 15-члениот совет.

Рускиот амбасадор ги повтори зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера рече дека одлуката на Западот да му дозволи на Киев да користи оружје со долг дострел против цели во Русија ќе значи дека НАТО ќе биде „во војна“ со Москва – што е драматична ескалација на реториката на Путин за војната која започна со руската инвазија во февруари 2022 година.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин испратил јасна порака до Западот за последиците од дозволувањето на Украина да ја нападне руската територија и дека нема сомнеж дека пораката на Путин стигнала до оние за кои била наменета.

Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер е во Вашингтон, каде подоцна денеска ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, каде што се очекува да се договорат дека Украина може да ги користи проектилите со долг дострел „Storm Shadow“ испорачани од Британија против цели во Руската Федерација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK