Во текот на изминатите 24 часа, украинските сили неуспешно се обидоа да започнат контраофанзива на три различни фронта во областа на јужен Доњецк, регионот Запорожје и регионот Доњецк, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека украинските сили претрпеле големи загуби на луѓе и опрема. Биле погодени и украински магацини за оружје.
Руското министерство соопшти дека за време на ноќните напади со употреба на високопрецизно оружје со долг дострел од море и воздух, биле заземени и делови од резервните сили и странски платеници.
Според официјален претставник на руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Украина претрпеле загуби од околу 7.500 убиени и повредени од 4 јуни досега во обиди за напади на фронтовите во јужен Доњецк, Запорожје и Доњецк.
Во меѓувреме, Украина соопшти за напредок во нејзината контраофанзива против руските сили денеска во „исклучително жестоки“ борби, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Телеграм на заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.