Русија протера шест британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа и саботажа

eeb6dc39-1277-4f54-a598-d05627d431e5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Службата за безбедност на Русија ФСБ денеска објави дека им ги укинала ингеренциите на шестмина британски дипломати во Москва за кои тврди дека биле дел од шпионски и диверзантски операции.



Од ФСБ тврдат дека поседуваат документи кои покажуваат дека канцеларијата на британското Министерство за надворешни работи во Лондон задолжена за Источна Европа и Централна Азија ја координирала „ескалацијата на политичката и воената ситуација“ и имала задача да обезбеди стратешка руски пораз во војната против Украина.

„Затоа, откриените факти даваат основа за разгледување на активностите на британските дипломати испратени од Дирекцијата во Москва како закана за безбедноста на Русија“, соопшти ФСБ.

„Во таа насока, врз основа на документ обезбеден од ФСБ, а како одговор на бројните непријателски чекори преземени од Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија, во соработка со поврзаните агенции, ја откажа акредитацијата на шест членови на политичкиот оддел на Британската амбасада во Москва, чии активности беа препознаени како шпионажа и саботажа“, се додава во соопштението.

На руската телевизија беа именувани дипломати и беа прикажани нивните фотографии. Англичаните не ги препознаа нашите предупредувања дека мора да престанат со оваа практика, па решивме да избркаме шест од нив за почеток“, изјави вработен во ФСБ за телевизијата „Россија-24“. ФСБ најави дека ќе побара повеќе британски дипломати да си одат дома доколку се утврди дека биле вклучени во слични активности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK