Руските власти денеска соопштија дека ќе организираат локални избори во септември во четири украински региони за кои Москва тврди дека ги анектирала минатата година.
-Изборите на новите територии на Руската Федерација ќе се одржат во еден ден, а ќе се гласа на 10 септември 2023 година, соопшти руската изборна комисија на Телеграм.