Русија не сака да го обнови Договорот за извоз на жито

zito
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија не гледа основа за обновување на Договорот за извоз на жито преку Црното Море, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, на помалку од две недели пред истекот на Договорот што ѝ дозволи на Украина, и покрај војната, да извезува жито од нејзините пристаништа на Црното Море.

Во соопштението се наведува дека Русија прави се за бродовите опфатени со Договорот да можат да го напуштат Црното Море пред неговото истекување на 17 јули.


Русија веќе подолго време се заканува дека ќе се повлече од Договорот бидејќи не се исполнети ветувањата дека ќе може да извезува сопствено жито и ѓубриво. Кон средината на мај Москва се согласи да го продолжи Договорот за два месеци.

Во соопштението на руското МНР се посочува дека иницијативата овозможила испорака на украинско жито до „добро нахранетите земји“, но не и помош за оние на кои им е најпотребна во Африка, Азија и Јужна Америка. Петте најсиромашни земји – Етиопија, Јемен, Авганистан, Судан и Сомалија добиле само 2,6 отсто од извезеното жито, а ситуацијата се влошува кога станува збор за руското жито и ѓубриво.

– Под овие услови, очигледно е дека нема основа за продолжување на Црноморската иницијатива, која истекува на 17 јули, се посочува во соопштението.

Русија тврди дека не гледа напредок во голем број нејзини барања, вклучително и повторно поврзување на нејзината државна Земјоделска банка со меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT).

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова истакна дека предлогот на ЕУ за формирање посебна филијала на банката што би можела да користи СВИФТ е неостварлив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK