Руската против-воздушна одбрана уништи четири украински беспилотни летала над северозападниот дел на Црното Море и Крим, а беспилотните летала беа уништени и над Белгород и Курск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Нема извештаи за жртви или материјална штета, пишува Ројтерс, додавајќи дека не може самостојно да ги потврди овие извештаи.
Украина не ги коментираше нападите. Понатаму, руското Министерство за одбрана извести дека се уништени четири беспилотни летала над руските региони Курск и Белгород, кои граничат со Украина.
„Нема жртви“, но административната зграда е оштетена, објави гувернерот на Курск, Роман Старовојт и тврди дека противвоздушната одбрана работи добро, пренесува агенцијата АФП.
Во соседниот регион Брјанск, гувернерот Александар Богомаз извести дека противвоздушната одбрана соборила три украински беспилотни летала, кои не предизвикале жртви или штета, додава АФП. Руското Министерство за одбрана извести за уништување на два дрона над Брјанск.