Русија нападна неколку региони на Украина, во Херсон едно лице загина, четворица се ранети

6-24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во областа Херсон, како резултат на руските удари, едно лице загина, а четворица се повредени, соопшти денеска шефот на регионалната државна управа Олександр Прокудин.


Според него, голем број населени места во овој украински регион утринава биле погодени од воздушни напади, пренесува Укринформ.

Оштетени се три катни згради и седум приватни куќи, гаражи и приватни автомобили, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK