Русија и Украина разменија приближно 200 воени заробеници

jermak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија и Украина најавија истовремено ослободување на речиси 100 војници од секоја земја, јавија британските медиуми.

Руското Министерство за одбрана во денешната објава на каналот Телеграм соопшти дека по успешно завршените преговори 94 Руси, кои биле заробени во Украина, се ослободени и истите ќе бидат однесени во медицинска установа каде што ќе бидат прегледани.



Шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, од друга страна, изјави дека во земјата се вратени 95 украински војници, вклучително и некои ранети. Меѓу нив има и припадници на националната гарда и граничари.

Јермак додаде дека ослободените војници учествувале во борбите во близина на градот Мариупол, кој минатата година со недели беше под руска опсада, во близина на нуклеарната централа Чернобил, која накратко беше заземена од руските сили минатата година, на Змискиот остров во Црното Море и од Бахмут, кој се уште е во центарот на непријателствата во источниот дел на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK