Русија и Германија ги повикаа Израел и Иран на намалување на тензиите

1d0e6e7b-3326-4c5f-ad36-3a67fd23c8a5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц го повика Иран да ја прекине спиралата на конфликт со Израел откако земјата ги нападна иранските воени објекти, а руското Министерство за надворешни работи изрази длабока загриженост поради ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји.


„Мојата порака до Иран е јасна: не можеме да продолжиме со масивни реакции на ескалација. Сега мора да престане. Тоа ќе обезбеди можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша Шолц на платформата „Икс“.

Израел ги нападна иранските воени локации ноќта кон саботата, но се чини дека одмаздата за претходниот ирански напад овој месец не ги таргетираше нафтените и нуклеарните постројки на Исламската Република, за што претходно се размислуваше, но против идејата апелираа сојузниците на Израел, првенствено САД, но и арапските земји.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Ги повикуваме сите инволвирани страни да се воздржат, да го прекинат насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството Марија Захарова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK