Русија го стави на аукција станот на сопругата на украинскиот претседател, Олена Зеленска во Јалта

Русија-го-стави-на-аукција-станот-на-сопругата-на-украинскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските власти на Крим го ставија на аукција претходно „национализираниот“ стан на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во Јалта, проценувајќи го на 24,6 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).



Известувањето е објавено на руската веб-страница „ГИС Торги“, пренесува „Укринформ“, повикувајќи се на руските медиуми.

„Предмет на лицитацијата е имотот лоциран на адреса Крим, Јалта, стан 501, со вкупна почетна минимална вредност од 24.642.490 рубли“, се наведува во соопштението.

Пријавите за наддавање се затвораат на 26 октомври, а самата аукција ќе се одржи на 30 октомври, според медиумот.

Претходно беше објавено дека Русите решиле да изградат „музеј на борбата против нацизмот“ во станот на семејството на претседателот Володимир Зеленски на Крим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK