Русија започна нови напади со балистички ракети врз Киев и други големи украински градови, соопштија украинските власти, додавајќи дека најмалку пет лица се убиени, а 20 повредени само во градот Запорожје.
Напади врз Запорожје и Киев
Шефот на регионалната воена администрација, Иван Федоров, рано утрово во вторник на Телеграм објави дека индустриските објекти и инфраструктурата се погодени во Запорожје. Според првичните информации, едно лице е повредено во Киев. Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека експлозии се слушнале во главниот град и ги повика жителите да останат во засолништа додека службите за итни случаи одат на терен, пишува dpa.
Недостаток на систем за противвоздушна одбрана
По повеќе од четири години војна, Украина се соочува со недостиг од пресретнувачки ракети за воздушна одбрана, што ѝ овозможи на Русија да ја интензивира употребата на балистички ракети против Киев и други градови. Американските системи „Патриот“ се сметаат за меѓу најефикасните средства за одбрана од балистички ракети, кои се особено тешки за пресретнување поради нивната голема брзина.
Украина има неколку системи „Патриот“, но нема доволно пресретнувачки ракети. Властите во Киев стравуваат дека во текот на претстојната зима, Русија повторно би можела сериозно да ја оштети инфраструктурата на земјата со ракетни напади и дополнително да ги влоши условите за живот на милиони Украинци.