Русија: Асад ја напушти земјата, нашите воени бази во Сирија се во состојба на готовност

rusija-sirija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта.


Во соопштението, министерството не соопшти каде е сега Асад.

Министерството истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување.

Се наведува дека руските воени бази во Сирија се ставени во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив. Според соопштението, Москва е во контакт со сите сириски опозициски групи и ги повика сите страни да се воздржат од насилство.

Сириските бунтовници  ја презедоа контролата врз Дамаск и го соборија претседателот Асад, ставајќи крај на долгогодишното авторитарно владеење на неговото семејство по повеќе од 13 години граѓанска војна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK