Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до руски авион во Сирија

borben-avion-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави опасно се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.


„Авион бомбардер Ф/А-18 опасно се приближи до авион Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случи на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс“, рече Игнасјук, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK