­

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените


Bela-kuka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита празникот.


На социјалната мрежа „Икс“, Белата куќа објави порака „Розите се црвени, синоличките сини, дојдете овде нелегално и ќе ве депортираме“.

Пораката е напишана на розова позадина покриена со срца, додека под текстот се сликите на американскиот претседател и Том Хоман, кој е познат како „граничниот цар“ на Трамп.

Еден од главните столбови на кампањата на Трамп беше миграциската политика, а тој уште во ноември го назначи поранешниот директор на Имиграциската служба Том Хоман за „граничен цар“.

По неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година, тој започна политика на масовни депортации на мигранти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK