Во неделата попладне, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се качи на старомоден зелен воз кој стана траен симбол на изолацијата и тајноста на нацијата, пишуваат медиумите во светот.
Фотографиите објавени од севернокорејската државна телевизија „KCNA“ покажуваат како Ким се качува во неговиот приватен воз додека се подготвува да отпатува за Русија на очекуваниот состанок со неговиот руски колега Владимир Путин.
Руските медиуми во вторникот објавија дека возот на Ким влегол во земјата и моментално патувал на север преку далечниот исток на Русија.
Фотографиите од заминувањето на Ким од Пјонгјанг покажуваат железничка станица со долг црвен тепих за лидерот, покрај која стојат официјални лица и војници. Неколку официјални лица се поклонија и се ракуваа со Ким. Во позадина се гледаат жени во фустани и традиционална облека како веат знамиња на земјата.
Во еден момент, Ким и неговите придружници застанаа на влезот од возот и и мавтаа на толпата, од бавната тешка оклопна локомотива, со полирани дрвени подови и украсени бели врати.
Редот од темнозелени вагони, со жолти ленти што се протегаат по страна, одговара на изгледот на возот што го користеле и неговиот дедо Ким Ил Сунг и неговиот татко Ким Јонг Ил, кои наводно биле домаќини на раскошни вечери во странство, пренесува Си-Ен-Ен.
Возот долго време беше предмет на интриги, превезувајќи генерации на семејството Ким низ земјата и на ретки патувања во странство, пишува медиумот.
Ким Џонг Ил, кој наводно не сакал да лета, многу се потпирал на возот, според Ројтерс, за разлика од неговиот син Ким Џон-ун, кој претходно патувал со луксузен приватен авион и студирал во Швајцарија во 1990-тите.
Истиот воз – зелен со жолти линии – беше виден на руската државна телевизија кога Ким Џонг Ил ја посети Русија во 2002 година. Во тоа време, меѓународните санкции кон Северна Кореја беа ублажени, овозможувајќи краток период на поголем ангажман со надворешниот свет.
Мемоарите на поранешниот руски функционер Константин Пуликовски, врз основа на извештајот на нотарот на руското Министерство за надворешни работи во возот во 2001 година за време на едномесечното патување на Ким Џонг Ил во Русија, даваат слика на луксуз. Пуликовски тврдеше дека возот го возеле убави жени и дека бил полн со екстравагантна храна и вино, се вели во написот на „Њујорк Тајмс“ од 2002 година.
„Можеше да се нарача секое јадење од руска, кинеска, корејска, јапонска или француска кујна“, напиша Пуликовски.
Живи јастози биле однесени во возот а наводно биле испорачани кутии со црвено вино Бордо и Бургундија, напиша Пуликовски.
Возот наводно има розови кожени седишта и подови отпорни на бомби, пишува Гардијан.
Други извештаи на јужнокорејските медиуми во текот на годините ги истакнаа безбедносните карактеристики на возот. Според извештајот на јужнокорејскиот весник „Chosun Ilbo“ од 2009 година, возот е толку силно оклопен што се движи со просечна брзина од 60 километри на час.
Во возот наводно има конференциски сали, просторија за публика и простории за спиење и има сателитски телефонски врски и телевизори со рамен екран, објави весникот во тоа време.
„Пред возот на Ким да се приближи до станицата, струјата на другите шини е исклучена за да не може да се движи ниту еден воз“, пишува весникот.