„Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авион

kazahstan-avion-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација Росавијација издаде официјално соопштение во врска со падот на авионот во Актау, Казахстан.


„Денеска, околу 9:30 часот по московско време, авион „Ембраер 190“ на азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ се урна при слетување на казахстанскиот аеродром Актау, кој се наоѓа на источниот брег на Каспиското Море. Авионот летал од Баку за Грозни. Според прелиминарните информации, по судир со јато птици, поради вонредна ситуација во авионот, пилотот на авионот решил да се пренасочи на алтернативен аеродром, избирајќи го Актау за дестинација. Операциите за пребарување и спасување ги вршат оперативните служби на Република Казахстан“, се вели во соопштението на „Росавиација“.

Се додава дека „Росавиација“ ја одржува комуникацијата со превозникот АЗАЛ, како и со воздухопловните власти на Азербејџан и Казахстан.

Патничкиот авион се урна во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, пришто загинаа над 30 лица, а 28 беа спасени.

Повредените се пренесени во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK