Романците испраќаат „Патриот“ во Украина

6ded804a-3d1f-4e1b-8086-d7b32976ddca.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Долниот дом на романскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се одобрува донацијата на одбранбениот ракетен систем „Патриот“ на Украина.


Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

Романија одлучи да донира два оперативни системи Патриот под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем Патриот.

Во нацрт-законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменети системи Патриот не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила и дека трошоците ќе бидат платени од „ненадоместливи странски извори“.

Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди за купување на „Патриотите“. Досега му се испорачани четири системи, од кои два се оперативни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK