Роднините на 10-месечното бебе киднапирано од Хамас: Го нема на денешниот список

Роднините-на-10-месечното-бебе-киднапирано-од-Хамас-Го-нема-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Роднините на семејството Бибас се информирани дека никој од семејството, меѓу кои и 10-месечниот Кфир и 4-годишниот Ариел, не е на списокот заложници кои се очекува да бидат ослободени денеска.


На 7 октомври милитантите на Хамас го киднапираа десетмесечниот Кфир, неговиот брат Ариел, нивната мајка Шири и таткото Јарден од кибуц Нир Оз. Роднина на семејството, Ејлон Кешет, за Си-ен-ен изјави дека се многу загрижени за 10-месечното бебе.

„Не сме сигурни дали ќе преживее. Секој ден што го поминува во заробеништво постои реална, реална опасност за неговиот живот“, изјави Кешет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK