Родители монструм од Романија брутално претепале девојче: „Не била добра во градинка“

Родители-монструм-од-Романија-брутално-претепале-девојче-„Не-била-добра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девојче (4) од Брашов, Романија, била толку брутално претепано од родителите што завршило во болница. Родителите се бранеле тврдејќи дека „не ја бива во градинка“.


Родителите, двајцата на возраст од 28 години, биле уапсени веднаш по пријавата, а на девојчето во болница и биле констатирани повреди на лицето и ‘рбетот, наведува Обсервер.

Детето се здобило со ужасни повреди во понеделникот вечерта во нивниот семеен дом, а сето тоа поради, како што се вели, „недолично однесување во градинката“.

На таткото му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека мајката е во домашен притвор, пренесува Телеграф.рс.

По извршениот преглед на девојчето му биле констатирани тешки телесни повреди предизвикани од агресивното однесување на нејзините родители и веднаш било предадено на државата и ставено под нивен надзор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK