Роберта Мецола, политичарка од Малта од Европската народна партија, денеска е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент.
Мецола беше избрана со апсолутно мнозинство при тајно гласање, откако за неа гласаа 562 пратеници. Претседател на ЕП се избира со мандат од две и пол години, а противкандидат на Мецола за оваа функција беше Ирене Монтеро од групата Левица, која доби 61 глас.
Мецола ја презеде функцијата претседател на ЕП во јануари 2022 година по смртта на нејзиниот претходник на таа позиција, Дејвид Сасоли. Таа потоа стана најмладата претседателка на ЕП, прва личност од Малта на таа позиција и прва жена претседателка од 2002 година.
Мецола првпат беше избрана за член на ЕП во 2013 година, а стана потпретседател на ЕП во ноември 2020 година. Претседателот на ЕП претседава со дебатите и активностите на Парламентот, а го претставува и ЕП во Европската Унија (ЕУ) и на меѓународно ниво.
Потписот на претседателот на ЕП е неопходен за законите кои се иницирани врз основа на постапката за соодлучување, како и за буџетот на ЕУ.