Резников: Украина има сериозни шанси да направи пробив во текот на летото

reznikov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имаме сериозни шанси да направиме пробив во текот на летото, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за францускиот дневен весник „Вест-Франс“.







– Сакаме да ја скршиме волјата на Русите за победа во војната, рече Резников, нагласувајќи дека целта на контраофанзивата е Украина да ги врати своите територии „во меѓународно признаените граници од 1991 година, вклучувајќи го и Крим“.

Контраофанзива од големи размери „ќе доведе до ново повлекување на Русите од нашите територии“, прогнозира украинскиот министер.

(Руската приватна воена компанија) „Вагнер“ користеше затвореници и за време на осуммесечната опсада на Бахмут беа убиени и ранети 60.000 луѓе“, изјави Резников за францускиот весник, без да прецизира дали станува збор за вкупните загуби на двата табора или не.

Во интервјуто, украинскиот министер за одбрана нагласува и дека на Украина итно и треба оружје од нејзините западни сојузници.

Резников изрази и надеж дека „до крајот на годината“ Киев ќе добие борбени авиони Ф-16 од американско производство, со чија помош украинските сили ќе можат да се спротивстават на руската авијација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK