Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.
Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.