Реакции на САД и Канада за уривањето на браната во јужна Украина

brana ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД денеска соопштија дека се „многу загрижени“ поради експлозијата на браната на хидроелектраната Нова Каховка на југот на Украина.

– Американската администрација се обидува да дознае повеќе за потенцијалните последици од овој катастрофален настан, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден.


Канадскиот премиер Џастин Трудо, во разговор со новинари во Отава, денеска изјави дека уништувањето на украинската брана е „уште еден пример за ужасните последици од илегалната руска инвазија врз Украина“, катастрофа што е „апсолутно погубна за животите на луѓето низ целиот регион“.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уривање на браната на хидроелектраната Нова Каховка во Херсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK