Повеќе од педесет деца загинаа во Џабалија, северниот дел на Газа, меѓу петокот и саботата, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Деца загинаа кога две станбени згради, во кои имаше стотици луѓе, беа срамнети со земја во бомбардирањето, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, пренесува Политико.
Расел, исто така, рече дека израелските сили извршиле два напади кои ја нарушија кампањата за вакцинација против детска парализа во Газа.
Во еден инцидент беше погоден и запален автомобилот на вработен во УНИЦЕФ, но никој не беше повреден.
Во друг напад, најмалку три деца беа ранети во близина на клиника за вакцинација во населбата Шеик Радван.