­

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски


d8eff282-440f-4758-8307-c03c4931e4cd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера вечер Ројтерс, повикувајќи се на извор од Белата куќа.


„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро. Сите вклучени страни во разговорите работеа цел ден и до вечер. Очекуваме да имаме соопштение во блиска иднина“, Ројтерс цитираше неименуван извор.

Делегациите на Руската Федерација и на Соединетите Држави ги завршија разговорите во Саудиска Арабија претходно вчера, кои траеја повеќе од 12 часа.

Како што претходно јави ТАСС, руската и американската делегација по средбата се договорија за текстот на заедничката изјава, која треба да биде дистрибуирана во вторник.

Претходно, во неделата во Ријад се одржа средба меѓу американската и украинската делегација. Министерот за одбрана Рустем Умеров по средбата изјави дека таа била „конструктивна и суштинска“.

Умеров, кој ја предводеше украинската делегација, рече дека се разговарало за клучните прашања, особено во енергетскиот сектор.

Во меѓувреме, се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека сите оние кои сакаат стабилност во меѓународните односи треба да се движат кон вистински мир и загарантирана безбедност.

„Русија останува единствениот актер кој ја одолговлекува оваа војна, исмејувајќи се и со нашиот народ и со светската заедница. За да ја турнеме Русија кон мир, ни требаат силни потези и силни акции“, рече Зеленски.

Како што наведе, Украина е подготвена да поддржи секоја силна иницијатива што може да ја направи дипломатијата поефикасна.

„Ова значи дека вршиме притисок врз Русија да сака да стави крај на оваа војна. Ова значи санкции. Ова значи поддршка за Украина. Ова значи меѓународна координација“, рече украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека оваа недела се подготвува значителна работа со европските партнери на конкретни чекори во однос на безбедноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK