Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД и поранешен жител на Белата куќа, Доналд Трамп изјави дека ќе учествува на телевизиска дебата со претседателскиот кандидат на Демократската партија и потпретседател на САД, Камала Харис, пренесува АП.
Слушам дека е некако гадна личност, но не ја бива за дебати. Замислувам дека ќе имаме дебата во прилично блиска иднина, рече Трамп.
Тој изјави дека би сакал дебатата да се одржи на телевизија Фокс, но додаде: Секоја ТВ мрежа сега многу ме сака.
Трамп не ја исклучи можноста дебатата да се одржи на ТВ ABC, иако неодамна се пожали дека медиумите се пристрасни кон него, наведува АП.