Радакин: Инвазијата врз Украина е катастофален неуспех на Русија

radakin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство, адмирал Тони Радакин, за време на вчерашната парламентарна расправа изјави дека Русија изгубила речиси половина од своите борбени способности во Украина.

„Русија изгуби речиси половина од борбената ефикасност на својата армија. Во 2022 година руската армија истрела 10 милиони артилериски гранати, а во најдобар случај може да произведе еден милион гранати годишно. Руската армија загуби 2.500 тенкови, а во најдобар случај може да произведе 200 тенкови годишно“, рече тој.


Радакин ја опиша инвазијата на Украина како „катастрофален неуспех за Русија“ и ги пофали успесите на украинската армија во сегашната контраофанзива.

„Дури и во последните неколку недели, Украина врати повеќе територии отколку што Русија зема во последната година“, рече Радакин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK